Маслото од јојоба во служба на убавото и негувано лице

Уште од дамнешни времиња, маслото од јојоба се наоѓа на врвот на групата на природни масла кои се користат во козметички цели. Жените во Индија особено го користат ова масло за одржување на убавината, здравјето на кожата и мекоста и сјајот на косата.

Маслото од јојоба е исклучително богато со витамини и минерали, особено со витаминот Е и витамините од групата Б, што го прави природен антиоксиданс, кој го спречува негативното дејство на слободните радикали.

Поради високата концентрација на бакар, цинк и селен маслото од јојоба можат да го користат дури и луѓето со многу чувствителна кожа. Цинкот во неговиот состав помага да се намалат иритациите и црвенилото на кожата.

Најдобро време во денот за употреба на маслото од јојоба е навечер, во периодот непосредно пред да си легнете. Со помош на поголемо парче газа или вата натопени во маслото внимателно поминете ја кожата на лицето, нежно тапкајќи по нејзината површина. На тој начин кожата ќе биде исчистена од токсините и хемикалиите акумулирани во текот на денот.

Likes:
0 0
Views:
122
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published.