Мократа коса „го сака“ памукот

После миењето, повеќето од нас, мократа коса не ја третираат нежно. Грубо триење со пешкирот, упорно чешлање со четка или чешел во обид веднаш да се размрси косата.  Грешка!

Правилниот третман на мократа коса подразбира правилен пристап уште додека ја миете косата. Откако ќе го одмиете регенераторот, односно маската за коса, поминете низ косата на кратко со млаз поладна вода. Потоа исцедете ја косата од водата стискајќи ја со дланките.

Имајте во предвид, мократа коса го сака памукот! Токму затоа, одберете мек, памучен пешкир во кој ќе ја завиткате косата, без безмилосно да ги триете влакната помеѓу дланките на кои лежи пешкирот.

Доколку имате можност и времето ви го дозволува тоа, дозволете вашата коса да се исуши на природен начин. А, потоа, секако внимателно со чешелот! Доколку имате јазолче меѓу влакната, идеално би било со истото да се изборите пред да ја миете косата, или пак со помош на прстите тоа да го направите за време на миењето.

Откако ќе се упие водата во памучниот пешкир и во најмала рака ќе биде полусува, косата исчешлајте ја со мека четка која поседува флексибилни запци. Процесот на чешлање, односно на расчешлување, секогаш започнете го од крајот на влакното кон коренот.

Likes:
0 0
Views:
19
Article Tags:
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *