Победете го првутот со оваа ефикасна маска од јајца

Белиот „снег“ на вашите рамена може да биде навистина непријатно искуство што може да ја намали вашата самодоверба. Но, исто така, првутот кој всушност претставува резултат на воспаление на скалпот, може да предизвика иритирачко чувство на пецкање, интензивен јадеж и црвенило, што резултира со лупење и отпаѓање на кожата околу влакното на косата.

Во маркетите и дрогериите можат да се најдат цела плеада козметичко-медицински препарати чија цел е да ви помогнат да се ослободите од првутот, но пред да се одлучите да потрошите повеќе, потпрете се на моќта на природата и подгответе ја оваа ефикасна домашна маска против првут од јајца, која е исклучително богата со витаминот А.

За таа цел потребни ви се само четири состојки:

  • една супена лажица маслиново масло
  • една супена лажица чичково масло
  • две жолчки од јајца
  • една кафена лажичка сок од свежо исцеден лимон

Во блендер ставете ги жолчките и добро измиксајте, а потоа додадете ги останатите состојки. Промешајте додека состојките не се соединат. Вака подготвената маска нанесете ја на косата, при тоа добро масирајќи го скалпот. Оставете да делува околу половина час, а потоа измијте ја косата на регуларен начин.

Количината на состојките ( нивно дуплирање ) одредете ја во зависност од должината на вашата коса

Likes:
0 0
Views:
105
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published.