Шминката без соодветна подлога не ја постигнува својата цел

Шминката без соодветна подлога не ја постигнува својата цел-велат експертите.

Порцеланско затегнато лице, како лице на кукла-овој тип на изглед се повеќе останува во минатото бидејќи со развитокот на козметичко-технолошките методи, течните пудри се почесто се со таков состав кој овозможува истите да бидат нанесени како да нанесуваме на лицето хидратантен крем.

Сепак, внимавајте при изборот на пудрата, освен на нејзиниот квалитет треба да внимавате и на изборот на најсоодветната нијанса. Имајте во предвид дека осветлувањето во продавниците може да ви прикаже поинаков тон отколку што реално е.

По соодветниот избор на течна пудра која одговара на вашата кожа, за да го постигнете беспрекорниот изглед на лицето нанесете ја пудрата правилно и во тенок слој . Пред се внимавајте, пред да ја нанесете пудрата вашата кожа да чиста и хидрирана. Неутален сапун и млака вода, по што следи хидратантен крем. Откако ќе ја хидрирате кожата со крема почекајте барем десетина минути пред да ја нанесете течната пудра.

Течната пудра на прстите како начин на аплицирање на кожата често знае да не го постигне оптималниот резултат. Најдобра опција која нуди подобра покривност на недостатоците на кожата е козметичко сунѓерче.

Likes:
0 0
Views:
18
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *