Јаболков оцет за цврсти нокти

Цврстите, здрави и негувани нокти  се одраз на здравјето. Доколку не ги негувате правилно, ноктите со текот на времето може да го зголемат нивото на сувост, со што ќе станат и тенки, слаби и лесно кршливи.

Доколку имате проблем да ја одржите уредноста на ноктите, доколку тие се ја губат бојата, слаби се или со нерамнини на површината на плочката, ви предлагаме редовно да ја практикувате оваа купка за нокти која ќе ве воодушеви со резултатите.

Купката ќе ја подготвите на тој начин што во еден поширок сад ќе налеете 200 милилитри ладна вода, во која ќе додадете 50 милилитри јаболков оцет.  Токму јаболковиот оцет има моќ да ги зајакне ноктите и да го забрза нивниот раст.

Накиснете ги ноктите во течноста и држете ги неколку минути. Потоа измијте ги дланикте со млака вода и неутрален сапун, добро исушете и премачкајте ги ноктите со кокосово масло ( внимавајте добро да го втриете маслото во ноктот и заноктиците ).  Оваа постапка може да ја практикувате минимум три пати во текот на неделата.

Likes:
0 0
Views:
109
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published.