На богатата трпеза за вашиот неделен ручек дозволете централното место да му припадне на совршеното јагнешко печење.
Потребни состојки:
Сите состојки кои ви се потребни за подготовка на ова гурманско задоволство можете да ги најдете на One Stop Shop – повеќе од супермаркет.
- 3 килограми свежо јагнешко месо
- 250 милилитри бело вино
- 200 милилитри вода
- 70 милилитри пресно млеко
- 1 супена лажица мед
- неколку лажици сенф
- маслиново масло
- сол и црн пипер
- 3 млади лукчиња
- 1 младо кромидче
- 1 лажица мајчина душица
Начин на подготовка:
Пред се направете маринада во кое месото ќе треба да отстои 12 часа.
За таа цел, промешајте го виното, млекото и медот. Додајте ги мајчината душица и ситно исецканиот млад лук и кромид. Зачинете со малку сол и црн пипер.
Отстоеното јагнешко месо премачјате го со сенф од сите страни. Прелијте го со малку масилново масло. Положете го во подлабок сад за печење, налејте вода и покријте го со алуминиумска фолија. Печете на темепература од 200 степени околу еден час. При крајот, извадете ја фолијата за да зарумени месото. Послужете во комбинација со пекарски компир.
На здравје!