Брускети со лук и кулен – идеално мезе за добро друштво

Брускетите се подготвуваат многу лесно и брзо, а истовремено се одличен избор за мезе кога очекувате поголем број гости.

Иако постојат многу варијанти за нивната подготовка, овој пат, ви предлагаме да ги подготвите во стандардниот вкус – лук, доматен сос и кулен.Потребни состојки:– 1 или 2 багет лепчиња ( во зависност од бројот на порции )– маслиново масло лук во прав– малку сол– доматен сос– парчиња кулен– моцарела сирење исецкано на помали парченца

Сите состојки кои ви се потребни за подготовка на ова превкусно мезе можете да ги најдете на One Stop Shop – повеќе од супермаркет!

Подготовката е многу едноставна.

Исечените кришки од багет лепчињата со дебелина од еден сантиметар премачкајте ги со малку маслиново масло, а потоа поросете сол и лук во прав. Печете во загреана рерна околу пет минути на темепература од 200 степени. Потоа извадете го плехот со багетите и премачкајте го секое лепче со доматен сос. Наредете ги парчињата кулен и моцарелата врз лепчето и вратете го плехот во рерна. Печете уште десетина минути на истата температура.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
16
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *