Дали станува збор за релаксирана вечер помината пред телевизорот, или пак за интересна дружба со пријателите ви предлагаме да ги „зачините“ тие убави моменти ова превкусно мезе како грицки или лесна вечера.
Пред се, потребно е да ги подготвите пуканките на начин кој што вие ќе го одберете, дали ќе биде тоа во тенџере со малку масло за јадење на шпорет, во микробрановата печка или со помош на апарат за пуканки.
Подготовката трае многу кратко, а ќе ви бидат потребни следниве производи:
- 1 кафена лажичка лук во прав
- 1 кафена лажички мелен рузмарин
- 1 супена лажица маслиново масло
- прстофат сув босилек
- сол по желба
- бибер по желба
Сите состојки кои ви се потребни за подоготовка на овој интересен оброк ќе ги најдете на One Stop Shop – повеќе од супермаркет!
Начин на подготовка:
Претходно подготвените пуканки ставете ги во подлабок сад за да можете полесно да мешате.
Во друг сад настрана промешајте ги зачините во една лажица маслиново масло.
Миксот од зачини ставете го во садот со пуканките и добро мешајте. Направете го тоа додека пуканките се уште топли.
Бонус:
По желба, додека се топли пуканките изрендајте врз нив тврдо жолто сирење.
На здравје!