За сите љубители на кокосот-брз десерт од кокос и ананас

Вкусно и брзо, одличен избор за ненајавени гости и прва помош во случај на „напад“ на силна желба за благо ( особено доколку сте љубител на кокос )!

Потребни состојки:

  • 100 грама  путер омекнат на собна температура
  • 5  јајца
  • 5 супени лажици шеќер
  • 5 супени лажици  брашно
  •  1 кесичка прашок за пециво
  • 2 супени лажици какао во прав
  • 3 супени лажици кокос
  • неколку парчиња дехидриран ананас ( изблендирани )
  • масло за јадење

Сите состојки кои ви се потребни за подготовка  на овој десерт можете да ги најдете на платформата на најголемиот онлајн супермаркет One Stop Shop.

Начин на подготовка:

Изматете ги путерот и шеќерот, а потоа започнете постепено да додавате по една жолчка. Во изматените жолчки додадете го брашното, прашокот за пециво, какаото, кокосот и бленираниот ананас. На крајот додадете го и претходно изматениот шлаг од белките.

Вака подготвениот колач печете го во подмачкан плех на температура од 200 степени. Откако ќе го испечете исечете го на мали коцки. Посипете со кокосови трошки.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
108
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published.