Здраво и вкусно-мафини од палента

Одличен избор за здрав појадок или вечера, оброк во кој ќе ужива целото семејство.

Потребни состојки:• 4 јајца
• 400 мл. јогурт
• 50 мл. масло за јадење
• 250 гр. палента
• 150 гр. бело брашно
• 1 кесичка прашак за пециво
• половина кафена лажичка сол
• 200 гр. сирење

Сите производи кои ви се потребни за подготовка на мафините од палента можете да ги најдете на   One Stop Shop – повеќе од супермаркет!

Начин на подготовка:

Изматете ги јајцата со помош на миксер. Потоа во нив додадете ги јогуртот, маслото за јадење, палентата и брашното промешано со прашокот за пециво. Посолете.

Со помош на дрвена лажица убаво промешајте.

Калапите за мафини премачкајте ги со масло. Потоа во секој калап ставете мало парче сирење и прелијте со смесата.

Мафините со палента печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
15
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *