Како да направите домашни коцки супа

Подготвени од здрави состојки, овие домашни коцки супа се вистинскиот избор при подготовка на вкусни хранливи чорби.

Состојки кои ви се потребни:

  • половина млада тиквичка
  • една главица лук
  • две лажици сув магдонос
  • половина морков
  • половина кафена лажичка сув копар
  • еден компир
  • десетина сантиметри страк од праз
  • 30 грама хималајска сол
  • 10 грама шарена сол
  • една супена лажица масло за јадење
  • 300 милилитри вода

Сите состојки кои ви се потребни за подготовка на домашните коцки супа можете да ги најдете на One Stop Shop  повеќе од супермаркет!

Начин на подготовка:

Зеленчукот излупете го и исецкајте го на помали коцки. Сите состојки ставете ги во блендер и добро изблендирајте. Потоа таа мешавина ставете ја во сад со нелепливо дно, сипете ја водата, солта и маслото и динстајте се додека течностите не испарат. Потоа тргнете го садот од шпорет и оставете да се олади. Смесата во внатрешноста на садот треба да наликува на тесто. Кога ќе се олади и малки ќе се исуши, смесата распоредете ја во правоаголен сад кој сте го обложиле со хартија за печење. Направете кора со дебелина од еден сантиметар до два.  Пресечете коцки во големина која вас ви одговара. Секоја коцка завиткајте ја во прозирна фолија и складирајте ја во ладилникот.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
94
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published.