Како да препознаете дали јајцата се свежи

Ако се сомневате во квалитетот на јајцата кои сте ги купиле, примените еден од овие два корисни трикови, со чија помош ќе дознаете дали јајцата се свежи или не.

Имено, наједноставен начин да проверите дали јајцата се во ред, е да ги потопите во вода. Расипаното и бајато јајце ќе остане да лебди на површината на водата.

Друг начин да дознаете дали едно јајце е расипано или не е да умеете да го препознаете звукот кој доаѓа од расипаното јајце.

Земете едно јајце и држете го покрај увото. Лесно протресете го и слушајте го звукот кој доаѓа од внатрешноста. Ако не слушнете никаков звук тогаш јајцето е свежо и добро за консумација. Од друга страна, ако слушнете звук кој наликува на тропкање голема е веројатноста јајцето да не е свежо и добро за јадење.

Likes:
0 0
Views:
110

Leave a Reply

Your email address will not be published.