Кои се идеалните мерки на состојките за да подготвите мек домашен леб

Основните состојки на лебот на сите ни се познати-брашно, вода, сол и квасец.

Интересно, но праксата потврдува дека се повеќе домаќинки при подготовката на домашниот леб не се водат по одредени мерки од даден рецепт, туку количината на состојките ја одредуваат „од око“

Сепак, за идеално мек леб постои идеален сооднос на состојките кој ветува успех во подготовката.

Имено, потребни се 250 мл млака вода на половина килограм брашно. Во овој случај станува збор за употреба на класично бело брашно тип 400.

Секогаш имајте во предвид дека постои одредена разлика во својствата на различните видови на брашна, особено во поглед на впивањето на течноста.

Доколку при подготовката на лебот ставите преголема количина брашно, а премалку вода, тогаш ризикувате ефектот да биде премногу тврдо тесто и тврд леб чија внатрешност не е воздушеста.

Likes:
0 0
Views:
16
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *