Микс од зеленчук со киноа-здрав протеински оброк за најмалите

Вкусен и здрав оброк кој на вашето малечко ќе му обезбедат внес на голема количина на есенцијални аминокиселини и протеини од растително потекло.

Потребни состојки:

– неколку помали цвета брокула

– половина морков

– половина тиквичка

– 2 супени лажици киноа

– 200 милилитри вода

– 1 кафена лажичка маслиново масло

Сите производи кои ви се потребни за подоготовка на овој оброк можете да ги најдете на One Stop Shop – повеќе од супермаркет!

Начин на подготовка:

Сварете ја киноата на вообичаениот начин, варејќи ја околу половина час.

Зеленчукот излупете го, исецкајте го на ситни парченца. Можете да го додадете во садот со киноата или да го сварите во посебен сад.

Сварената и добро исцедена киноа промешајте ја со варениот зеленчук и маслиновото масло, а потоа добро изблендирајте.

Сами одредете ја густината на кашичката, доколку сметате дека е потребно, додајте малку вода од течноста каде што се варел зеленчукот.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
17
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *