Рецепт: Брз колач со банани

Дури и да не сте толку умешни во кујната, со овој превкусен колач од банани сигурно нема да погрешите. Брзо и едноставно!

За негова подготовка потребни ви се следниве состојки:

– 4 банани
– 3 јајца – 300 грама млечно чоколадо  2 кесички ванилин шеќер
– една голема шолја сенаменско брашно – 1 кесичка прашок за пециво

Сите состојки кои ви се потребни за подготовка на овој десерт можете да ги најдете на One Stop Shop – повеќе од супермаркет.

Начин на подготовка:

Во еден подлабок сад искршете ги јајцата. Додадете го ванилиот шеќер и добро изматете ги со помош на миксер. Бананите добро изблендирате ги заедно со чоколадото. Потоа смесата додадете ја во садот со јајцата. На крајот, додадете го брашното и прашокот за пециво, при тоа мешајќи со лажица.

Вака подготвената смеса ставете ја во тепсија која што претходно сте ја обложиле со хартија за печење. Печете во претходно загреана рерна,  околу половина час во загреана рерна на 180 степени. Декорирајте по желба.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
19
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *