Рецепт: Домашни бургер лепчиња

Направете превкусни и меки домашни лепчиња за сендвичи и израдувајте ги вашите најблиски со некоја здрава комбинација на состојки во нив.

Потребни состојки:

– 500гр брашно

– 1 пакетче сув квасец

– 1 кафена лажица шеќер

-1 кафена лажица сол

-100мл масло за јадење

– 200мл  млака вода

сусам

Сите состојки кои ви се потребни за подготовка на овие превкусни лепчиња можете да ги најдете на  One Stop Shop – повеќе од супермаркет!

Начин на подготовка:

Во подлабок сад промешајте ги сувиот квасец со брашното, шеќерот и солта. Додадете го и маслото за јадење и добро промешајте. Започнете со постепено додавање на млаката вода. Месете околу десетина минути. Потоа оставете го тестото да нарасне околу половина час.

Нараснатото тесто повторно замесете го и од него обликувајте мали топченца ( големината одредете ја според ваша желба ). Наредете ги топчињата на подмачкан плех. Премачкајте ги со мешавина од масло за јадење и вода, а потоа наросете малку сусам.

Печете на температура од 180 степени, околу 30 минути.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
20
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *