Мелено месо во комбинација со вкусни зачини. Пробајте!
Потребни состојки:
- 500 гр мешано мелено месо
- 2 супени лажици презла
- 1/2 кафена лажичка ким
- 1 кафена лажичка копар
- 1/2 кафена лажичка куркума
- 1 кафена лажичка мешан зачин
- прстофат бибер
- 1 јајце
- 1/2 кафена лажичка сода бикарбона
- еден помал кромид, ситно исецкан
- 2 чешниња лук, ситно исецкани
Сите состојки кои ви се потребни за подоготовка на плескавиците можете да ги најдете на One Stop Shop – повеќе од супермаркет!
Начин на подготовка: Сите состојки добро промешајте ги во еден подлабок сад. Мешајте со рака, се додека не добиете хомогена смеса. Смесата поделете ја на осум дела, од секој дел формирајте топчиња, од кои со благо притискање ќе ги формирате плескавиците.
Пржете на умерен оган, во сад со малку масло или подгответе ги на скара.
На здравје!