Рецепт: Жолти и посни кроасани со куркума

Ќе бидете воодушевени од тоа колку овие кроасани со специфичен вкус се меки и вкусни, а се подготвени само со додавање на вода.

За подготовка ви се потребни следниве состојки:

Сите состојки кои ви се потребни за подоготовка на овие несекојдневни кроасани можете да ги најдете на One Stop Shop – повеќе од супермаркет!Начин на подготовка:Во сад на страна оставете го квасецот да се растопи во малку млака вода и шеќер.Откако убаво ќе се растопи, без да го чекате да се активира додадете го и оцетот, остатокот од водата, куркумата, кари зачинот и мелениот ким. Промешајте.

Во друг сад промешајте го брашното со половина кесичка прашок за пециво и солта.

Од двете смеси, течната и сувата замесете меко тесто. Убаво расмесете го тестото и оставете го да стаса.

Стасаното тесто поделете го на 4 помали дела, од секој дел расукајте кора и исечете ја на тријаголници. Секое парче премачкајте го со растопениот растителен маргарин, а потоа формирајте го кроасанот.

Кроасаните наредете ги на подмачкан плех. Оставете да отстојат и да нараснат. Премачкајте ги со превриена вода во која сте раствориле сол, а потоа наросете сусам. Печете во претходно загреана рерна на темепратура од 200 степени се додека не зарумени тестото.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
16
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *