Кремаста и мека основа, опојна арома на цимет и чоколадо-неговото височество СУТЛИЈАШ!
За подготовка на овој традиционален десерт потребни ви се следниве состојки:
- 150 грама измиен крупен ориз
- 300 мл млеко
- 50мл вода
- 70 грама шеќер
- 2 кесички рум шеќер
- 1 лажица цимет
- течно чоколадо или какао во прав за декорација ( по желба )
Сите состојки кои ви се потребни за подготовка на овој десерт можете да ги најдете на One Stop Shop – повеќе од супермаркет!Начин на подготовка:
Во подлабок сад налејте ги млекото и водата, а потоа ставете го оризот. Оставете го оризот да отстои во течноста околу половина час ( се намалува времето за подготовка, вкусот е поинтензивен, а структурата покремаста ). На крајот, додадете ги циметот, шеќерот и рум шеќерот. Промешајте.
Потоа, започнете да го варите оризот на тивок оган со постојано мешање за да не се залепи на дното од садот. Откако ќе се свари пресипете го во помали садови ( чашки или длабоки десертни стаклени чинии ). Декорирајте по желба.
На здравје!
.