Рецепт: Колачиња со крем банани кои не се печат

Брзо се подготвуваат, а уште побрзо се јадат.

Потребни состојки:

  • 300 грама еурокрем
  • 350грама мелени бисквити
  • Млеко по потреба
  • 2 супени лажици масло за јадење
  • 5 чоколадни банани издробени на многу ситни парченца
  • 200 грама топено млечно чоколадо
  • 2 лажици какао
  • дополнително уште малку какао за декорација

Сите состојки потребни за подготовка на овие колачиња можете да ги најдете на One Stop Shop – повеќе од супермаркет!

Начин на подготовка:

Во еурокремот додадете две супени лажици масло за јадење и изматете го со мискрер.

Во меѓувреме, во подлабок сад ставете ги мелените бисквити, дробените крем банани, какаото и чоколадото. Промешајте. Додадете го и кремот, а потоа со постепено додавање на млекото продолжете со мешање додека не добиете хомогена смеса.

Од смесата оформете топчиња во големина која вам ви одговара.

Поросете ги топчињата со малку какао.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
100
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published.