Рецепт: Овошен колач од палента

Освежителен овошен колач кој има совешено кисело-слатка комбинација во чиј вкус може да ужива целото семејство.

За подготовка ви се потребни следниве состојки:

200 грама инстант палента

јајца

100 грама путер

150 грама шеќер

прашок за пециво

100 грама бело брашно

50мл газирана вода

400 грама рендани јаболка

Сите состојки кои ви се потребни за подготовка на овој десерт можете да ги најдете на One Stop Shop  – повеќе од супермаркет!

Начин на подготовка:

Во сад за матење, со помош на миксер изматете ги путерот и шеќерот. Матете се додека не добиете пенеста смеса. Потоа постепено додавајте ги јајцата, едно по едно, додека продолжувате со матење. Додадете ја и водата.

На крајот додадете го брашното, палентата и прашокот за пециво. Продолжете со мешање со помош на лажица се додека не добиете глатка хомогена смеса.

Во смесата додадете ги изренданите јаболка. Промешајте.

Загрејте ја рерната на 200 степени, а тавчето обложете го со хартија за печење. Смесата ставете во тавата и печете околу половина час.

Декорирајте по желба.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
19
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *