Здрав и вкусен појадок кој изобилува со протеини и минерали.
За подготовка на овој омлет за две лица потребни ви се следниве состојки:
- 1 главица ситно исечкан кромид
- 2 чешниња ситно исечкан лук
- 200 гр сув вргањ
- 50 мл вода
- една рамна кафена лажица зачин „Вегета“
- масло за јадење
- 4 јајца
Сите состојки потребни за подготовка на овој оброк можете да ги најдете на One Stop Shop – повеќе од супермаркет!
Начин на подготовка:
Во сад на оган налејте малку масло за јадење. Во загреаното масло ставете ги кромидот и лукот и пржете додека не заруменат. Додајте ги и парчињата вргањ. Налејте ја водата и оставете неколку минути да се подинста. Откако водата ќе испари додадете ги претходно изматените јајца. Зачинете. Пржете уште кратко време.
Омлетот послужете го топол.
На здравје!