Рецепт: Пирошки од бајат леб

Уште еден интересен начин како да го искористите лебот кој веќе не е толку мек.

За подготовка на пирошките потребни ви се следниве производи:

– 500 грама стар леб ( без корка )– 150 грама кравји кашкавал– 150 грама шунка– 100 грама лебни трошки– 4 кисели краставички– 100 гр бело брашно– 3 јајца– масло за јадење

Сите состојки кои ви се потребни за подготовка на пирошките можете да ги најдете на One Stop Shop-најголемиот онлајн супермаркет.

Начин на подготовка:

Во подлабок сад изрендајте ги краставичките и добро исцедете ги од течноста. Потоа во садот додадете ги и кашкавалот и шунката, кои исто така претходно сте ги изрендале. Додадете и едно јајце.Во меѓувреме, лебот потопете го со малку млеко или вода (по желба). Средината од омекнатиот леб додадете го во садот со другите состојки и добро мешајте. Потоа со рака засмесете тесто.Од хомогената смеса која ќе ја добиете, со намрсени раце земете дел и обликувајте ги пирошките. Пирошките прво извалкајте ги во брашното, потоа во јајцата, а на крајот во лебните трошки. Пржете ги во сад на оган, во врел зејтин, од двете страни рамномерно, се додека не заруменат.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
14
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *