Рецепт: Полнети тиквички со пилешко месо

Бело пилешко месо и павлака-вкусен полнеж за младите сочни тиквички. Здрав оброк во кој ќе ужива целото семејство.

Потребни состојки:

2 главици кромид

2 чешниња лук

млади тиквички

400 грама бело пилешко месо

сол и црн пипер

масло за јадење

300 мл кисела павлака

домат исецкан на кругови

Сите состојки кои ви се потребни за подготовка на овој оброк можете да ги најдете на платформата на најголемиот онлајн супермаркет – One Stop Shop!

Начин на подготовка:

Во сад на оган налејте малку масло за јадење. Пропржете ги кромидот и лукот кои претходно ситно сте ги исецкале. Потоа додадете го и белото пилешко месо исецкано на многу ситни коцкички. Пржете ги состојките околу десетина минути. Зачинете по желба.

Во меѓувреме издлабете ја со помош на мала лажичка внатрешноста на тиквичките.

Издлабените тиквички наполнете ги со вака подготвената смеса, а потоа наредете ги во тава за печење. Врз секоја полнета тиквичка ставете по една топка кисела павлака. Декорирајте со парче домат.

Вака подготвените тиквички печете ги  на температура од  180 степени околу 30 минути.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
97
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published.