Подготовката на овој оброк е многу брза и едноставна, а комбинацијата на здрави состојки овозможува значителен внес на минерали и протеини.
Потребни состојки:
- 180 грама туна во масло ( конзерва )
- 1 младо лукче
- 1 младо кромидче
- половина краставица
- половина домат
- неколку листови марула
- 50 грама наут од конзерва
- сок од лимон
- сол по желба
Сите состојки кои ви се потребни за подготовка на овој оброк можете да ги најдете на One Stop Shop – повеќе од супермаркет!
Начин на подготовка:
Зеленчукот добро измијте го и исецкајте го на постини парчиња. Во садот со зеленчукот додадете ги туната и наутот и добро промешајте. Зачинете со сок од лимон и сол.
На здравје!