Смути со аронија – совршен микс на овошје и пробиотици во служба на вашето здравје

Совршениот микс од овошје и пробиотици во само една чаша е одличен начин за здрав почеток на денот. Малку калории, а премногу витамин Ц. Оскудност од маснотии, но вистинско богатство од минерали ( калиум, железо и кобалт ).

Бидете сигурни, оваа здрава комбинација на свежи состојки нема да ве остави без енергија, без разлика колку и да е напорен денот пред вас.

Потребни состојки:

10 зрна аронија
една банана
половина праска
170 мл кефир

Сите состојки кои ви се потребни за подготовка на овој вкусен и здрав напиток можете да ги најдете на One Stop Shop – повеќе од супермаркет!

Начин на подготовка:

Бананата и праската излупете ги и исецкани на помали парченца ставете ги во блендер. Блендирајте заедно со аронијата. На крајот додадете го ќефирот и повторно промешајте. Сервирајте во висока чаша.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
23
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *