Совршен чоколаден колач без брашно и шеќер

Ова е основниот рецепт за совршениот чоколаден колач без брашно и шеќер  кој е погоден е за дијабетичари.

За подготовка на ова слатко задоволство потребни ви се само пет минути. Овој колач е толку сочен и вкусен што откако ќе го пробате еднаш ќе го правите постојано.

Потребни ви се следниве состојки:

– 3 банани
– 3 јајца
– 5 лажици какао
– 1/2 кесичка прашок за пециво

За чоколадната глазура ви се потребни следниве состојки:

– 100 гр чоколадо за готвење
– 30 мл млеко
-15 гр путер

Сите состојки кои ви се потребни за подготовка на овој десерт можете да ги најдете на One Stop Shop – повеќе од супермаркет!

Начин на подготовка:

Јајцата добро изматете ги во блендер. Во изматените јајца додадете ги ситно исецканите банани, какаото и прашокот за пециво. Продолжете со матење се додека не добиете хомогена смеса без грутки.
Содржината излијте ја во добро подмачкан плех или калап за торта и печете во рерна околу 15 минути на темепература од 180 степени.
Во меѓувреме подгответе ја чоколадната глазура.
Чоколадото издробете го на коцки, ставете го во сад на оган и прелијте го со млекото. Додадете го и путерот а потоа загревајте на тивок оган се додека состојките не се растопат во целост.
Испечениот колач извадете го од калапот, оставете го малку да се олади, а потоа прелијте го со чоколадата глазура.

Декорирајте по желба.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
110
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published.