Брза и неодоливо вкусна закуска: Намаз од туна

Како намаз на кришка леб, дел од сендвич со многу свеж зеленчук, или пак вкусна закуска со солени крекери – без разлика што и да одберете веруваме дека ќе уживате во вкусот на овој намаз од туна.

Потребни состојки:

  • 300 грама туна во конзерва
  • 3 супени лажици сок од лимон
  • една супена лажица сок од портокал
  • половина главица кромид
  • 100 г. кисела павлака
  • една супена лажица мајонез
  • сол

Овој намаз од туна се подготвува побрзо и поедноставно отколку што си мислите.

Кромидот добро изблендирајте го, а потоа во садот додадете ги и останатите состојки. Блендирајте додека не добиете хомогена смеса. Пред да го послужите, намазот оладете го во фрижидер барем еден час.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
23
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *