Одличен во комбинација со топло лепче.
Потребни состојки:
- 5 главици лук
- сок од свежо исцеден лимон
- до 300 милилитри маслиново масло
- сол според вкус
Сите производи потребни за подготовка на овој рецепт можете да ги најдете на One Stop Shop – најголемиот онлајн супермаркет.
Начин на подготовка:
Лукот ислупете го и заедно со солта чија количина ќе ја одредите според вкус, ставете ги во блендер и добро изблендирајте. Потоа, пастата од лук префрлете ја во друг стаклен сад и продолжете да блендирате со рачен блендер постепено додавајќи маслиново масло. Она што треба да го добиете е смеса слична на мајонез. Во смесата додадете го лимоновиот сок и уште кратко продолжете со мешање.
На здравје.