На менито на бебињата глутенот е меѓу последните опции

Околку одредувањето на адекватен термин за воведување на глутенот во исхраната на бебето сеуште се водат дискусии, но околу едно прашање сите стручњаци се согласуваат, а тоа е дека не треба да се брза со неговото воведување.

Едната струја на мислења потврдува дека е сосема во ред глутенот да се воведе по седмиот месец од животот на детето, а другата дека сепак е потребно да се почека детето да наполни една година.

Имајќи го во предвид дека неподнесувањето на глутен може да предизвика глутенска ентеропатија- сериозна болест на цревата, особено доколку постои историја на глутенска интолеранција во семејството, родителите дефинитивно треба да почекаат со воведувањето на глутенски производи во детската исхрана.

Еден од првите знаци дека кај детето постои интолеранција на глутен се секојдневните дигестивни проблеми како што се дијареа, затвор или подуеност во стомакот без да постојат очигледни причинители на таквата состојба.

Likes:
0 0
Views:
15
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *