Освежителен десерт во чаша од банана и кисела павлака

Овој пат ние одбравме банани. Но, вие можете да го направите овој незаборавно вкусен десерт и со други овошја чиј плод е мек, како што се зрели круши, зрели кајсии, меки модри сливи и други овошја.

Потребни состојки:

• 3 банани

• 2 кесички ванилин шеќер 

• 350 г кисела павлака

• 3 лажици шеќер во прав

За декорација можете да употребите какао во прав, чоколадни трошкикокосови трошки, мелени бисквити или сецкани ореви. Изборот е ваш.

Сите состојки кои ви се потребни за подготовка на овој освежителен десерт можете да ги најдете на One Stop Shop – повеќе од супермаркет!

Начин на подготовка:

 Излупете ги бананите, исечете ги на помали парчиња и добро истискајте го овошјето со помош на вилјушка.  Во подлабок сад добро промешајте ја павлаката со шеќерот, а потоа додадете ја бананата.  Додадете и малку дробени ореви или друга состојка која беше наш предлог за декорација. Сите состојки изматете ги со миксер. Смесата префрлете ја во неколку стаклени чаши кои потоа ќе ги ставите во замрзнувач. Декорирајте според ваш вкус.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
121
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published.