Со брза и едноставна подготовка до вкусен и лесен оброк на вашата трпеза.
Потребни состојки:
3 јајца
100 мл масло за јадење
две чаши бело брашно
половина чаша пченкарно брашно
една чаша јогурт
една чаша млака вода
1 кесичка прашок за пециво
150 грама кашкавал
200 грама сецкани маслинки без семка
малку сол
Начин на подготовка:
Кашкавалот изрендајте го и промешајте го во ист сад со маслинките.
Во друг, подлабок сад, ставете ги прво сувите состојки, а потоа додадете ги и останатите. Мешајте со лажица се додека смесата не стане хомогена, а потоа во садот додадете ги кашкавалот и маслинките.
Смесата исипете ја во подмачкан плех обложен со хартија за печење. Печете на 200 степени додека питата не зарумени.
На здравје!