Слатката „тајна“ на секоја совршена палачинка.
За подготовка на домашниот чоколаден крем со лешници потребни ви се следниве производи:
- 300 грама лешници
- 100 грама млечно чоколадо
- 2 лажици мед
- 5 кафени лажици какао во прав
- 70 милилитри млако млеко
Сите производи кои ви се потребни за подготовка на овој десерт ќе ги најдете на One Stop Shop – повеќе од супермаркет!
Начин на подготовка:
Лешниците заедно со млечното чоколадо ставете ги во блендер. Миксајте подолго, се додека не добиете смеса која што наликува на путер. Потоа додадете ги медот и какаото. Продолжете со мешање.
На крајот, со постепено додавање во помали количини додадете го и млекото. Мешајте постојано додека го додавате млекото во кремот. Доколку сакате кремот да биде погуст, додајте 50 милилитри млеко.
На здравје!