Рецепт за највкусните фурнаринки што досега сте ги пробале

Идеален прилог за секое јадење, но и вкусна закуска со вашите омилени намази.

За подготовка на највкусните фурнаринки што некогаш сте ги пробале потребни ви се следниве производи:

Начин на подготовка:

Во  подлабок сад сипете го брашното, квасецот, солта, шеќерот, маслото за јадење и изматеното јајце. Со постепено додавање на млака вода замесете средно меко тесто.  Тестото покријте го со крпа и оставете го да нарасне.

Откако тестото ќе нарасне поделете го на три  дела и секој дел расукајте го во кора, но внимавајте таа да не биде премногу тенка. Тестото положете го во подмачкан плех и со помош на нож, исечете го на тенки стапчиња. Стапчињата премачкајте ги со мешавина од масло и вода и посипете ги со сусам или други состојки по ваш вкус. Печете во загреана рерна, на 180  степени, околу 15 минути, односно додека не заруменат.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
101
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published.