Рецепт за најмеките пинерлии што досега сте ги пробале

За појадок или вечера, во комбинација со јогурт или кисело млеко, овие пинерлии како едно од најмеките пецива што до сега сте ги пробале, нудат вистинско гурманско доживување.

За нивната подготовка потребни ви се следниве производи:

  • една коцка свеж квасец
  • 800 грама брашно
  • една  рамна лажица шеќер
  • една кафена лажица сол
  • 450 милилитри млеко
  • маргарин за премачкување на корите
  • 50 грама маргарин за во тестото
  • 100 милилитри вода
  • 300 грама солена урда
  • половина шолја масло за јадење
  • сусам или ким ( по желба ) за посипување
  •  1 јајце за премачкување

Начин на подготовка:

Квасецот ставете го во 100 милилитри млака вода, додадете прстофат шеќер и оставете го настрана да се активира.

Во меѓувреме, во подлабок сад ставете ги останатите состојки освен млекото. Внимавајте маргаринот да биде омекнат на собна темепратура. Откако квасецот ќе се активира додадете го во садот со брашното и со постепено додавање на млако млеко замесете средно меко тесто. Замесеното тесто оставете го да отстои околу половина час.

Од нараснатото тесто формирајте шест топчиња и повторно оставете да стаса.

Од секое топче расукајте не премногу тенка кора и премачкајте ја со маргарин. Врз неа ставете урда па завиткајте ја кората во ролат.   Постапката повторете ја и со преостанатото тесто. Формираните ролати исечете ги на помали делови, положете ги во претходно намастен плех и  премачкајте ги со јајце. На крај поросете со сусам. Оставеете го тестото да се одмори околу петнаесетина минути.

Пинерлиите печете ги  околу половина час на темепратура од 200 степени.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
23
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *