Рецепт за трилече-мек и сочен колач кој ќе ве воодушеви

Мек и сочен десерт, трилечето е исклучително вкусен десерт со кој, во секое време, можете позитивно да ги изненадите вашите блиски.

За да го подготвите овој сочен десерт потребни ви се следниве производи:

За пандишпан:

5 јајца

половина шолја шеќер

1 кесичка  ванилин шеќер

1 кесичка прашок за пециво

5 супени лажици сенаменско брашно

2 супени лажици масло за јадење

За прелив:

500 милилитри  млеко ( не од ладилник )

500 милилитри слатка павлака за готвење

200 милилитри кондензирано млеко за кафе

Сите производи кои ви се потребни за подготовка на овој десерт можете да ги најдете на One Stop Shop.

Начин на подготовка:

Во подлабок сад, со миксер изматете ги жолчите заедно со шеќерот  и ванилиниот шеќер. Откако убаво ќе се изматат, се додаваат и белките и се продолжува со матење се додека не се добие густа смеса. Во изматените јајца, постепено, со помош на лацжица додаде го брашното во кое сте го додале претходно прашокот за пециво. На крај додадете го и маслото за јадење. Вака подготвеното тесто за пандишпан испечете го во плех обложен со хартија за печење. Печете околу петнаесеетина минути на темепратура од 200 степени.

Откако ќе биде готов пандишпанот, остранете ја хартијата и оставете го малку да се олади.

Во меѓувреме, во друг подлабок сад промешајте ги течните состојки, млекото и слатката павлака.  Дел од течноста истурете ја во плехот во кој претходно се печеше пандишпанот. Потоа во плехот се става изладениот пандишпан и одозгора се прелева со останатиот прелив.

Оставете го колачот неколку часа на собна темепература да ја впие течноста. На крај, премачкајте го со готов карамел.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
25
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *