Рецепт: Здрава и вкусна супа со просо

Здрав и вкусен оброк, одличен избор за целото семејство. Во вкусот на ова топло предјадење може да уживаат и најмалите, бебињата постари од осум месеци.

За да ја подготвите супата со просо потребни ви се следниве производи:

 2 моркови
– неколку цвета брокула
– 1 чешне лук
– неколку цвета карфиол
– парче рендан пашканат
– 4 супени лажици просо
– сол и црн бибер

Начин на подготовка:

Морковите и пашканатот излупете ги и исецкајте ги на кругови. Заедно со едно чешне лук ставете го во сад на оган и варете се додека не омекнат. Потоа додадете ги и цветовите од брокула и карфиол и продолжете со варењето се додека зеленчукот убаво не омекне.

За тоа време, во друг сад сварете го просото.

Зеленчукот процедете го од водата и изблендирајте па вратете го во садот со водата во кој се варел. Доколку имате рачен блендер миксајте директно во садот. Просото процедете го и префрлете го во зеленчуковата супа.

Промешајте ги состојките, зачинете по желба. Супата сервирајте ја топла.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
20
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *