Рецепт: Полнети мекици

Старите добри мекици, овој пат полнети со овчо сирење. 

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • 400 мл. млака вода
  • 1 кафена лажица сол
  • половна кафена лажичка шеќер
  • половина коцка квасец
  • 600 гр. брашно
  • 200 грама дробено овчо сирење
  • масло за јадење

Начин на подготовка:

Квасецот растопете го во шолја млака вода, а потоа оставете да се активира неколку минути.

Во подлабок сад сипете го брашното, солта и шеќерот, а потоа додадете ги јајцата и квасецот. Промешајте. Со постепено додавање на млаката вода замесете меко тесто. Месете се додека тоа не се одлепува лесно од прстите. Замесеното тесто оставете го убаво да нарасне.

Со намрсени раце земајте мали парчиња тесто од садот и развлекувајте ги меѓу прстите. Во средината на мекицата ставете малку сирење и преклопете. Повторно благо развлечете.

Пржете во загреано масло.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
25
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *