Рецепт: Посна и здрава – салата од спанаќ

Оваа вкусна салата е вистинско освежување за уморниот организам после долгиот работен ден. 

Потребни состојки:

200 грама, измиени и кратко обарени листови од свеж спанаќ

100 грама пченка од конзерва

50  грама наут од конзерва

3 ротквици исецкани на тенки кругови

1 морков

сол и бибер

маслиново масло

лимонов сок

Начин на подготовка:

Во подлабок сад ставете ги спанаќот, ротквиците и зрната пченка. Потоа додадете го наутот кој сте го измиле под млаз вода и изренданиот морков. Зачинете со маслиново масло и сок од лимон. Додадете сол по желба.

Промешајте ги состојките.

Салатата е подготвена за сервирање.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
16
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *