Дајте и сосема нова „гурманска нота“ на вашата омилена салата.
За да го подготвите овој прелив за салата, потребни ви се следниве производи:
- 4 лажици маслиново масло
- 3 лажици балсамико оцет
- 1 чешне лук
- половина кафена лажичка сол
- малку копар
Сите состојки кои ви се потребни за да го подготвите овој прелив можете да ги најдете во најголемиот он-лајн супермаркет One Stop Shop.
Начин на подготовка:
Чешнето лук излупете го и истолчете го во аван заедно со солта. Потоа додајте го маслиновото масло, балсамико оцетот и копарот. Убаво промешајте. Преливот за салата е готов.
На здравје!