Рецепт: Рижото со морски плодови

Превкусен специјалитет од медитеранската кујна.

Потребни состојки:

  • 250  грама ориз
  • половина килограм морски плодови
  • 300 милилитри бело вино
  • 300 милилитри вода
  • 1 поглема главица ситно исецкан кромид
  • маслиново масло
  • свеж магдонос
  • сол и црн пипер
  • 3 лажици доматно пире

Начин на подготовка:

Во сад на оган ставете го виното, а откако ќе зоврие додадете ги морските плодови и продолжете со варење уште петнаесесетина минути.

Со помош на лажица цедалка извадете ги морските плодови од виното, а во садот додадете 300 милилитри вода.

Во меѓувреме на друг сад на оган налејте маслиново масло и пропржете го кромидот. Додадете го оризот и промешајте. Зачинете по желба. Додадете го и доматниот сос, а потоа налејте од мешавината од вино и вода.

Садот ставете го во рерна. Петнаесетина минути пред да процените дека оризот е подготвен додадете ги морските плодови и магдоносот.

Се добро промешајте, печете уште 10-15 минути и специјалитетот е готов.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
23
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *