Рецепт: Соленки со сусам

Едноставно превкусни! Совршена комбинација со тартар сос и секој друг освежителен сос од павлака. 

Потребни состојки:

Сите производи што ви се потребни за подготовка на овие вкусни соленки можете да ги најдете во најголемиот он лајн супермаркет One Stop Shop

Начин на подготовка:

Во длабок сад ставете го маргаринот и убаво изматете го со миксер. Во изматениот маргарин додадете ги млекото, солта и маслото за јадење. Промешајте со дрвена лажица. На крај, додадете го брашното кое претходно сте го промешале со прашокот за пециво и квасецот. Со постепено додавање на  млака вода  замесете хомогено тесто.

Тестото поделете го на четири дела. Секој дел расукајте го во подебела кора, а од кората исечете ленти. Должината на соленките одредете ја според вашата желба. Парчињата соленки наредете ги во подмачкан плех, премачкајте ги со жолчка и посипете сусам. Плехот го ставате во загреана рерна и печете на 180 степени додека не заруменат.

На здравје!

Likes:
0 0
Views:
17
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *