Сол во бебешката исхрана

Солта во храната на бебињата го попречува нормалниот развој на бубрезите – тврди медицината. 

Иако солта се смета за основен зачин при приготвувањето на храната, сепак педијатрите и нутриционистите се согласни околу прашањето дали треба да се додава сол во бебешките кашички.

Одговорот е НЕ!

Имено, препораката е бебешката храна да не се посолува додека детето не наполни 12 месеци. Со недодавањето на сол во исхраната на бебињата им се помага на бубрезите правилно да се развиваат и да ја вршат својата функција.

Откако бебето ќе наполни 12 месеци, тие препорачуваат слабо до умерено солење на исхраната, односно внесување на помалку или околу еден грам во текот на денот.

Препораката е, доколку постои желба да се интензивира вкусот на оброците, во истите да се додаваат природни билки и зачини, но секако, по навршување на осмиот месец од животот на бебето.

Likes:
0 0
Views:
108
Article Categories:
ЗДРАВЈЕХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published.