Супата со зеленчук нека биде кралица на вашата трпеза

Зеленчукот е еден од главните извори на витамини, минерали и растителни влакна за организмот. Супата од зеленчук е нискокалоричен нутритивен оброк кој на организмот освен потребната течност му обезбедува извесна количина на хранливи материи и електролити.

За да бидете сигурни дека во зеленчуковата супа се останати доволен број на хранливи материи не го варете зеленчукот предолго време. Зеленчукот ( освен доматите ) што помалку е изложен на термичка обработка при високи температури толку повеќе хранливи материи задржува во својот состав, особено термолабилни витамини.

При подготовката на зеленчуковата супа избегнувајте го користењето на дополнителни зачини, особено солта.

Зеленчуковата супа е незаменлив оброк кој ја потикнува циркулацијата, го грее и релаксира телото и го зајакнува имунолошкиот систем.

Интересен е фактот дека честото консумирање на супа од домати и моркови, оброк богат со каротеноиди, значително го намалува ризикот за појава на малигни малформации на клетките во телото.

Likes:
0 0
Views:
103
Article Categories:
ХРАНА

Leave a Reply

Your email address will not be published.