Бидете со оној со кого ќе бидете најблиску до себе


Секоја жена во својот живот треба да има свој уметник.

Уметник кој во белото платно на нејзиниот живот ќе види нешто, за што ни самата не е свесна дека постои. Некој што ќе и даде целосна слобода да биде своја, да не се труди да ја промени и така моделирана според неговите очекувања и потреби да ја присвои како предмет.

Секоја жена треба да има уметник кој ќе го разбуди вистинското јас, најдоброто и најубавото „јас“ во неа.

Уметник кој нема да ја носи на скапи вечери ниту пак ќе се обидува да ја импресионира со брзината на неговиот автомобил, затоа што ќе знае дека таа е посебна, уникатна, единствена…

Уметник кој ќе ја научи што е тоа убавина, кој ќе и дозволи да ужива во нејзиниот танц не барајќи ништо повеќе од она што таа жена е подготвена да му го понуди.

Следејќи ги нејзините чекори тој ќе знае да слуша и да гледа.

Тоа е човек кој нема да се обидува да го скрати нејзиниот телефонски именик, а да ја и ја продолжи должината на здолништето. Тој ќе ја сака со допирот, ќе ја ослободува со погледот.

Уметник кој ќе дозволи покрај него нежната пупка да расцвета во прекрасен цвет, не копајќи низ нејзиното минато, не буткајќи се наметливо во нејзината иднина. Што ќе живее овде и сега, а не за некое непостоечко утре или пак заборавено вчера.

Што ќе се случи со неа кога ќе го сретне?

За прв пат таа ќе биде со некого, но всушност ќе биде најблиску до себе. Затоа што тој уметник прифаќајќи ја токму таква каква што е создал совршено дело-сакана жена.

Likes:
0 0
Views:
97
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.