Дали стресот може да го намали излачувањето на мајчиното млеко

Системот за излачување на млеко во мајчиното тело е многу изджлив.

Самиот хормон окситоцин кој што го потикнува рефлексот за протекување на мајчиното млеко е многу чувствителен, може да се намали привремено, но потоа многу брзо да го достигне својот оптимум.

Науката вели дека стресот, во основа, нема никава улога врз хормонот кој што го лачи мајчиното млеко-пролактинот, но може да има превремено влијание врз хормонот кој помага млекото да протече-окситоцин. Привременото запирање на овој рефлекс е корисен биолошки механизам кој го спречува млекото само да протече, иако тоа е чест случај кај доилките.

Ако стресот ја оневозможува опцијата на доење, уште од дамнина, човештвото не би имало прилика да преживее. Сите ние знаеме кои се симптомите на стресот: забрзана работа на срцето, сува уста, ладни стапала, тремор, вртоглавица и др. Овие симптоми често слабеат во својот интензитет дури и ако изворот на стресот останува непроменет. Истото тоа се случува и со окситоцинот, доколку мајката е во состојба на интензивен стрес, текот на мајчиното млеко може да се намали за кратко, но многу брзо истото ќе се регулира дури и ако на подолготрајни патеки, за жал,стресната ситуација остане дел од секојдневието на мајката.

Likes:
0 0
Views:
98
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.