Да станете мајка, тоа значи да откриете сосема нова соба во куќата во која што веќе живеете

Во моментот кога една жена ќе стане мајка таа се соочува со неверојатен микс на чувства, среќа што произлегува од поврзноста со бебето, страв дали ќе биде се во ред, потреба тоа мало човече да се заштити по секоја цена..

Да станете мајка, тоа значи да откриете сосема нова соба во куќата во која што веќе живеете. Мајчинството е еден нов свет во вас, за кој до вчера не сте знаеле дека постои и дека го имате.

Истражувањата покажале дека дури и во периодот кога жената е бремена започнуваат промени во мозочната структура. Сивата материја станува поконцентрирана. Активноста во мозокот која што ги контролира емпатијата, стравот и социјалната интеракција се зголемува. Овие промени се пред се потикнати од хормоналните бранови што дивеат низ телото на трудницата.

Со други зборови, природата се сетила на тоа, со помош на низа невролошки реакции , раѓањето на бебето да биде пропратено со чувство на бескрајна љубов и спремност на мајката да биде вечен и неуморен заштитник на детето.

Кај жените кои што неодамна станале мајки се регистрира раст во региите на мозокот кој е одговорен за контрола на емоциите што доведува до тоа мајката да има неверојатен инстинкт кога станува збор за нејзиното дете. Вниманието на научниците, пред се,  е свртено кон делот од мозокот наречен амигдала кој обично расте во периодот по породувањето, особено во првите неколку недели. На тој пораст се должи промената во однесувањето на жената кога таа станува мајка- таа станува хиперсензитивна кога станува збор за потребите на бебето, бидејќи хормоналниот коктел во нејзиното тело се сретнува со зголемен број на нервни рецептори во зголемената амигдала и се креира позитивен одговор кој ја мотивира жената да делува заштитнички како мајка. Токму поради оваа причина, понекогаш на мајките им претставува неверојатно задоволство само да го гледаат сопственото бебе.

Хормонот окситоцин ја создава онаа единствена и најсилна врска која “може да помести планини” – врската помеѓу мајката и нејзиното дете. Токму поради овој хормон, бебето на мајките им мириса прекрасно, мирис на кој што мајката не може да одолее.

Какво е чувството да се биде мајка – тоа е нешто што навистина не може да се опише. Тоа може да се дознае само кога лично ќе се почувствува.

Likes:
0 0
Views:
102
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.