Добрите луѓе размислуваат со срцето, затоа тие никогаш не се менуваат

Дури и кога ќе си помислите дека лицемерноста, љубомората и злото го достигнуваат својот врз, потсетете се дека се уште постојат луѓе кои навистина заслужуваат да се наречат добротвори.

Да, тие се меѓу нас, лесно ќе можете да ги препознаете бидејќи имаат насмевка со која покажуваат дека се подготвени на се само за да не се откажат од вербата во доброто и добрината во луѓето.Нивните очи се чисти, како огледало во кое се огледува љубовта.

Дали понекогаш, кога ќе сретнете добар човек си помислувате длабоко во себе – дали е тој навистина добар или само се преправа? Дали на добрината гледаме како на совршена маска на маскембалот на денешницата? Но, добрината од оние луѓе што знаат да љубат, што знаат да простуваат брзо ќе ви даде одговор на тоа прашање. Делата на тие луѓе нема да остават простор за сомнеж, затоа што ќе сфатите дека тие не сакаат ништо за возврат.

Токму затоа добрите луѓе често се жртви на искористување. Тоа длабоко ги повредува, но сепак не можат да се променат. Повторно ги прават истите грешки бидејќи размислуваат со срцето.

Кога ќе почувствувате неправда, повлечете се за момент, без многу објаснувања, без тешки зборови. Како што влегле луѓето со љубезност во вашиот живот, дозволете така и да го напуштатат. Тивко. Срцето нека остане да биде тоа што ќе мисли. Поубаво е така, животот е подобар така. Тие што ве изгубиле, еднаш ќе ја сфатат загубата што ја доживеале. Ќе дојде и тој момент. Верувајте.

Likes:
0 0
Views:
16
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *