Израснете го вашето дете во самостојна личност

Да се биде родител тоа значи секодневно да се биде соочен со предизвици, со прашања од детето на кои не секогаш го знаеме точниот одговор, со стравови и недоумици дали тоа што го практикуваме е правилниот начин на воспитување на едно дете.

Психолозите велат, ако сакаме детето да порасне во самостојна личност, тоа треба и да греши, да се соочи самостојно со последиците од грешката без родителите да се стрчаат нудејќи помош.

Пред да затрчате во помош запрашајте се, дали вашето дете е во реална опасност? Ако одговорот е ДА, секако понудете му ја вашата помош и помогнете му да се чувствува безбедно и пријатно. Но, ако одговорот е НЕ, во продолжение запрашајте се дали детето ги има потребните вештини (на пример моторика или рамнотежа ) да го совлада предизвикот ? Ако одговорот е ДА, тогаш дозволете детето самостојно да ја заврши задачата.

Но, бидете подготвени, секоја нова ситуација може да резултира со чувство на задоволство или непријатно чувство на фрустрација и неуспех. Доколку детето не се снајде добро во извршувањето на задачата и истото не е задоволно од крајниот резултат објснете му на детето дека тоа е минлива непријатна емоција која бара повеќе труд и внимание во иднина, потенцирајќи дека е во ред да погреши.

Уште во помала возраст поттикнувајте го детето да размислува со сопствената глава. Никогаш не ја потценувајте моќта на влијанието што неговите пријатели ќе ја имаат врз него во иднина. Секогаш е подобра опцијата да се биде лидер отколку нем следбеник.

Храброста кај детето поттикнете ја на тој начин што сите стравови детето ќе ги победува со здравиот разум.

Демистифицирајте го стравот, покажете сочувство но не и претерана емоционалност. На пример, ако детето е на лекар и се соочува со боцкање од игла во блиска иднина, никогаш не го залажувајте дека тоа нема да боли. Лагата може ќе ви помине еднаш, но веќе наредниот пат не, детето ќе знае дека го лажете (а сигурно не сакате во очите на вашето дете да биде еден голем лажго ). Наместо тоа, подгответе го детето за тоа што следува кажувајќи ја вистината: Да, знам дека боли, но ќе трае кратко. ` `

Likes:
0 0
Views:
98
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.