Кога капењето за децата е трауматично искуство

Искуствата на родителите често упатуваат на тоа дека периодот помеѓу првата и втората година од животот на детето е време на појава на страв од бањање.

Тој страв, колку да ви се чини нереален, всушност за децата е оправдан, пред се поради стравот од нестабилноста во кадата ( да не се лизне и падне ) или пак стравот може да потекне и од самата вода која тече.

Како најголем проблем, што предизвикува најмногу детски солзи, е миењето на косата и стравот кај децата од тој чин поради можноста да им влезе сапуница во очињата, односно немањето координација во дишењето и издишувањето додека од нивната глава па преку лицето тече вода.

Со однос на тоа што детето едноставно мора да се капе, а имајќи ја во предвид индивидуалноста на личноста на детето, на родителите им останува да откријат на кој начин да го претворат капењето од трауматично во позитивно искуство.

Децата кои се плашат да влезат во кадата или во туш кабината не е препорачливо да се присилуваат да го направат тоа. Најдете друга алтернатива за бањање, како што е мобилна кадичка или леген. Доколку ниту тоа не успева, извесен период чистете ја кожата на детето пребришувајќи ја со влажен сунѓер или влажна памучна ткаенина, но сепак, внимавајте таа пракса да не трае долго.

Иако некои родители практикуваат секојдневно бањање на децата, сепак според педијатрите, освен кога не постои реална потреба, доволно е бебето да се бања околу три пати неделно. Убавата вест е што стравот од бањање кај децата трае периодично, односно е периодична појава, која многу често, со малку труд може безболно и самостојно да се надмине од страна на детето.

Likes:
0 0
Views:
14
Article Tags:
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *